Веќе некое време се шпекулира кога Nintendo Switch 2 би можел да излезе, а сега добивме нови информации за него.

На CES 2025, каде што Nintendo не беше многу присутен, производителот на дополнителна опрема Genki објави дека знае кога новата конзола ќе ја види светлината на денот.

Како што рече Genki, ќе го видиме Nintendo Switch 2 во април оваа година.

Сега, Genki е само производител на дополнителна опрема, како што споменавме, и тие не дадоа конкретни докази за нивното тврдење, но објавија видео со, како што изгледа, најдеталниот прототип на конзолата Switch 2 досега.

Од досега познатите информации имаме дека Switch 2 ќе пристигне со 8-инчен екран и магнетно прицврстени Joy-Con контролери.

Официјално е потврдено дека ќе може да се играат игри од првата верзија на конзолата Switch, но се уште има некои детали кои не ги знаеме.

Не знаеме точно колку ќе биде моќна конзолата (или нејзините хардверски можности), што прави новото копче на контролерот, а останува да видиме кои игри ќе ги објави Nintendo со новата конзола.