На CES 2025 беа претставени нови производи од Samsung, LG, а и Razer.

Имаме прв поглед на лаптопот од следната генерација на Razer, моделот Blade 16, за кој компанијата тврди дека е нејзиниот „најтенкиот лаптоп за игри досега“.

Лансирањето доаѓа една година откако Razer го објави овој лаптоп на CES 2024.

Значи, колку е всушност тенок овој модел? Според Razer, најновиот Blade 16 е до 32 проценти потенок од моделот од 2024 година со дебелина од 0,59 инчи. Ќе треба да видиме како овој намален простор влијае на траењето на батеријата.

Тастатурата на Blade 16 исто така претрпе промена, а има и 16-инчен дисплеј со QHD+ и стапка на освежување од 240 Hz.

Станува збор за OLED екран со време на одговор од 0,2 ms, а за прв пат беа претставени AMD Ryzen AI процесори за поддршка на секоја апликација која користи вештачка интелигенција.

Сè уште нема објавена цена за Blade 16, но имајќи предвид дека неговиот претходник започнува од 2.700 долари, веројатно нема да биде евтин.