Објавен е првиот дел од најголемата 3Д мапа на универзумот создадена досега, на која се прикажани 14 милиони галаксии, заедно со десетици милиони ѕвезди на Млечниот Пат.
Мисијата Euclid, лансирана во 2023 година од Европската вселенска агенција (ESA) со поддршка на NASA, ги испрати своите први слики во ноември истата година и во мај 2024 година, пишува Гардијан.
Целта на Euclid беше да овозможи создавање на 3Д мапа на универзумот во времето и просторот за да се разјасни неговата еволуција и да се расветли мистериозните феномени како темната енергија и темната материја, кои заедно сочинуваат 95 проценти од универзумот.
Завршената мапа се очекува да покрие една третина од небото во текот на шестгодишното набљудување и да вклучи милијарди галаксии оддалечени до 10 милијарди светлосни години.
Професорот од Универзитетот во Лондон, Мет Пејд, нагласи дека пред Euclid никој не направил слика од толку голема површина на небото со толку висока резолуција.