Компанијата Мета претстави неколку нови производи – Meta Quest 3S, нов пар Ray-Ban очила, како и прототип на очила Orion AR.
Meta Quest 3S е поевтина верзија на уредот Quest 3 Цената започнува од 330 евра и го користи истиот чипсет Snapdragon XR2 Gen 2 како и стандардниот Quest 3, заедно со 8 GB RAM.
„Од гледање на вашите омилени ТВ серии на екран со големина на кино екран, до личен тренер што можете да го однесете насекаде, со можност за повеќе задачи, играње и многу повеќе – нема подобар уред за мешана реалност на пазарот на овој цена“, нагласува Мета.
Quest 3S користи единечен LCD екран со малку помала резолуција по око – 1832 x 1920 px во споредба со 2064 x 2208 px. Иако новиот LCD екран има брзи стапки на освежување од 90 Hz и 120 Hz, нема опции за 72 Hz и 80 Hz. Новите, потенки леќи од Quest 3 се заменети со постариот тип од Quest 2, што го намалува видното поле во споредба со Quest 3.
Meta Quest 3S тежи речиси исто како и Quest 3, со разлика од само еден грам, но нуди малку подолго траење на батеријата – 2 часа и 30 минути, во споредба со Quest 3 од 2 часа и 12 минути.
Достапен е во опции од 128GB и 256GB капацитет, а во зависност од тоа се формира и цената – 330 или 440 евра.
Уредот Orion AR, односно неговиот прототип, се заканува да биде сериозна револуција во овој сегмент.
Презентиран е и нов модел на Ray-Ban Meta очила кои служат главно како паметна камера со интегриран асистент за вештачка интелигенција.
Очилата ви овозможуваат да снимате видеа и фотографии, а благодарение на вештачката интелигенција можат да помогнат во секојдневните задачи како поставување потсетници или испраќање пораки со гласовни команди.
Мета соработува со апликациите Audible и iHeart за да им обезбеди на корисниците повеќе аудио содржини додека ги користат очилата. Дополнително, подобрена е и интеграцијата со апликациите Spotify и Amazon Music, за уште подобро слушање.
Овие очила чинат 330 евра.