Вчера започна 3-тото издание на AI Tech Summit, на кој присуствува импресивна група професионалци и иноватори во областа на вештачката интелигенција.
Гостин и предавач на самитот е Петар Величковиќ, научен истражувач во Google DeepMind, кој ги сподели своите увиди за користењето на вештачката интелигенција за подобрување на тактиките во фудбалот, како и Јорис Крајгер од De Volksbank, кој ја нагласи важноста на етичката употреба на вештачката интелигенција. Исто така, предавач беше и Малте Фирлус, експерт за ЕУ легислатива во Amazon, кој говореше за регулациите и иновациите во вештачката интелигенција.
Една од сесиите беше посветена и на улогата на АИ во Гејмингот. На оваа сесија говореа Горазд Цветковски, Михајло Штерјов, Томе Граматников и Данко Димовски.
Денес самитот продолжува со уште поинспиративни говори и панели од светските гиганти. Ева Псалти, директор за вештачка интелигенција во Microsoft, ќе зборува за тоа како вештачката интелигенција ги трансформира бизнисите преку иновативни технологии како генеративна вештачка интелигенција и неуронски гласови.
Екатерина Сиразитдинова, научник за длабоко учење во NVIDIA, ќе се задлабочи во иднината на генеративната вештачка интелигенција надвор од човечкиот јазик, нудејќи најнови перспективи за медиумите генерирани со вештачка интелигенција, а Барт Винман, виш менаџер за вештачка интелигенција во KPMG, ќе зборува за тоа како организациите можат успешно да постават системи за напредок со генеративната вештачка интелигенција