По неколкумесечни ревизии и јавни бета верзии, Android 15 конечно е тука.

Android 15 е подготвен, стабилен и тука – но не за вас или за нас „обични смртници“, туку, засега, само за програмерите.

Google го достави изворниот код на Android 15 до проектот Android со отворен код (AOSP), но ажурирањата сè уште не се подготвени – дури ни за телефоните Pixel. Септемвриското ажурирање кое пристигна пред три дена сè уште се потпира на Android 14.

Android 15 конечно ќе пристигне на телефоните Pixel, вклучувајќи ја неодамна претставената серија Pixel 9, „во наредните недели“, ветува Google.

Телефоните од Samsung, Honor, iQOO, Lenovo, Motorola, Nothing, OnePlus, Oppo, Realme, Sharp, Sony, Tecno, vivo и Xiaomi ќе го добијат новиот Android „во наредните месеци“, се додава.