Социјалната мрежа Bluesky доби еден милион нови корисници за три дена.
Платформата Bluesky се пофали со своето најново достигнување – еден милион нови корисници за три дена. Ова беше постигнато откако судот во Бразил нареди забрана на платформата Х во таа земја.
Судијата на Врховниот суд Алесандре де Мораеш нареди целосно суспендирање на платформата додека не се исполнат сите судски наредби, вклучително и плаќање на казна од 3,28 милиони долари и назначување правен застапник во Бразил.
wow… welcome to the ONE MILLION new users in the last three days!!! 🎉
uau… bem-vindos ao UM MILHÃO de novos usuários nos últimos três dias!!! 🎉
— Bluesky (@bsky.app) Aug 31, 2024 at 11:21 PM
Според ИТ медиумите, корисниците масовно се префрлаат на Bluesky, што овозможи iOS верзијата на апликацијата да се најде на врвот на бразилскиот App Store по популарност.
Bluesky ги направи своите први чекори во 2019 година, кога беше замислен како децентрализирана социјална мрежа и проширување на Twitter, но подоцна беше одлучено да биде независен сервис. Основана е од Џек Дорси, кој беше и основач на Твитер.
Поврзани артикли