Компанијата Opera претстави подобрувања на својот прелистувач Opera за оперативниот систем iOS.
Новата верзија носи подобрен дизајн, вклучувајќи навигација базирана на гестови.
Search Bar-от е поставен на дното за лесна употреба со една рака, а корисниците можат да ја активираат картичката за пребарување со лизгање надолу.
Почетната страница доби нов Carousel со новости, резултати во живо од спортски настани, како и информации за производите. QuickType нуди предлози за кориснички прашања додека ги пишуваат.
Новата верзија на прелистувачот овозможува преглед на цел екран бидејќи ги крие долните и горните ленти кога корисникот ќе почне да скрола, а поддржува и опции за динамична тема.
Aria, технологијата за вештачка интелигенција на Opera, помага да се генерираат фотографии и да одговараат на едноставни прашања. Opera Browser доаѓа и со бесплатни VPN и услуги за блокови за реклами.
Поврзани артикли