Многу луѓе во Србија вчера вечер останаа зачудени кога видоа светлечки објект како паѓа од небото.

Како што може да се види на социјалните мрежи, граѓаните ширум Србија го фотографирале светлечкиот објект и со страв се прашувале за што се работи.

Како што неофицијално може да се претпостави, станува збор за метеор.

Овој интересен феномен можеше да се види од Белград, Ниш, Краљево, Врњачка Бања, Чачак и од други места.

По некое време, метеорот согори додека паѓаше.