Њујорк воведе нов систем за предупредување со беспилотни летала за да ги предупреди жителите за опасните временски услови. За жал, ова не одеше според планираното.
Еден жител на Њујорк забележал дека еден од новите дронови издава предупредувања за можни поплави на англиски и шпански.
Меѓутоа, зборовите, кои требаше да бидат на шпански, биле „неразбирливи“, според видеото што тој го објави на X.
Thanks for flagging this. I’m very proud of the work our team has done preparing for this storm, but this shouldn’t have happened and we’re going to make sure it doesn’t happen again.
— Zach Iscol 🗽🍎 (@zachiscol) August 6, 2024
Беспилотните летала немаа проблем да издадат предупредување за временски услови на англиски со јасни и препознатливи зборови, но пораката на шпански звучеше како роботите да „зборуваат“ на јазикот за прв пат.
Зак Искол, комесар на Одделот за вонредни состојби во Њујорк, одговори на X за да ја признае грешката на градските власти.
„Многу сум горд на работата што ја направи нашиот тим подготвувајќи се за невремето, но ова не требаше да се случи. Ќе се погрижиме да не се повтори“, напиша Искол во одговорот.