Неодамна Xiaomi го претстави својот прв телефон на преклоп, наречен Mix Flip. Уредот сега е најавен и за европските пазари.
За почеток, Xiaomi Mix Flip доаѓа на пет пазари во Централна и Источна Европа. Цената на телефонот ќе биде 1300 евра.
Xiaomi Mix Flip
Got one today, and I'm surely one of very few non-Chinese people who own one.
It just came out this week (still in pre-sale now), and it's a pretty impressive piece of kit.
International release date is yet to be announced. @Xiaomi #XiaomiMixFlip #MixFlip pic.twitter.com/Opa6hewbGN
— Daniel Camilo (@DanielOlimac) July 23, 2024
Xiaomi Mix Flip користи чипсет Snapdragon 8 Gen 3, а однадвор има 4-инчен „cover“ дисплеј. Флексибилниот екран од внатрешната страна е со големина од 6,86 инчи, е од типот OLED и е украсен со брзина на освежување од 120 Hz и максимална осветленост од 3.000 nits.
Екранот на задната страна се обвиткува околу камерите, а има два сензори: главниот од 50MP (со поддршка за PDAF и OIS), како и телефото камера од 50MP, со 2x оптички зум и поддршка за PDAF.
Exploring the possibilities of CMF is always an exciting journey. For Xiaomi MIX Flip, we chose Xiaomi nylon fiber. This unique fabric retains the soft, smooth feel of natural nylon, while demonstrating incredible durability. pic.twitter.com/grgMqk0xX9
— Lei Jun (@leijun) July 23, 2024
Xiaomi Mix Flip има три комбинации на меморија, но компанијата не објави која од нив ќе биде достапна за европските пазари. Батеријата има капацитет од 4780 mAh.
Mix Flip доаѓа во црна, бела и виолетова боја, а има и специјална верзија изработена од најлонски влакна.