Spotify го потврди доаѓањето на поскап пакет со висок квалитет на звукот.
Извршниот директор на Spotify, Даниел Ек, потврди дека компанијата работи на поскап Premium пакет кој меѓу другото ќе им обезбеди на корисниците висококвалитетен стриминг.
Извршниот директор на Spotify, Даниел Ек, изјави дека планираат на корисниците да им понудат поскап пакет на висококвалитетен стриминг, но дека сето тоа се уште е во рана фаза на развој, пренесува The Verge.
„Нашиот план е да понудиме многу подобра верзија на Spotify. Размислете за нешто како пет долари над сегашната Premium. Значи веројатно околу 17 или 18 долари месечно. Тоа треба да биде еден вид луксузна верзија на Spotify што ги има сите придобивки од вообичаениот, но со многу поголема контрола и многу повисок квалитет на звукот и некои други работи за кои сè уште не сум подготвен да зборувам“, рече Ек во разговор со инвеститорите.
За потсетување, Spotify во 2021 година објави дека ќе се префрли на висококвалитетен стриминг. Во тоа време, тие рекоа дека ќе доставуваат музика со квалитет на ЦД на корисниците на сите уреди и звучници со овозможен Spotify Connect.
Во меѓувреме, конкурентните услуги, Amazon Music и Apple Music, почнаа да им нудат на корисниците висококвалитетно стриминг на музика без дополнителни трошоци, а Spotify никогаш не го исполни ветувањето.