Полска добива претставник во новиот дел од популарната серија Tekken, која важи за една од најдобрите „табачини“, односно видео игри од жанрот „fighting“.
Бандаи Намко објави дека нов лик ќе пристигне во Tekken 8 на 26 јули како DLC.
Станува збор за женски лик Лидија Собиеска и не само што е од Полска, туку во светот на Tekken е премиер на таа земја. Во самиот промо клип таа вели: „Морам да победам за народот на Полска“.
Таа за прв пат се појави во Tekken 7: Fated Retribution, исто така како DLC.
Таа е, инаку, вториот од четирите планирани ликови кои треба да го зголемат изборот на играчи кога се борците во прашање.
Првиот лик беше, изненадувачки, мајсторот на капуерата – легендарниот Еди Гордо, вториот е, како што рековме, Лидија, а преостанатите два лика се уште не се објавени.