Човек од Флорида се соочува со повеќе обвиненија откако застрела беспилотно летало за испорака на „Walmart“.
Според извештаите, канцеларијата на шерифот на округот Флорида добила дојава за пукање, а според извештајот, била пронајдена дупка од куршум во товарот што го превезувал дронот.
Сведоците им го посочиле на властите 72-годишниот Денис Вин, кој разговарал со официјални лица и подоцна признал дека пукал во дронот со пиштол калибар 9 мм, соопшти канцеларијата на шерифот.
Во видеото од полициската камера, Вин ѝ кажал на полицијата дека се обидел да го избрка дронот „Walmart“, па потоа го застрелал.
„Walmart“ првпат најави испорака со беспилотни летала во 2021 година, а до следната година, трговецот на мало овозможи испорака со дронови на одредени пазари во Тексас, Аризона и Флорида.
„Во текот на последните две години на пробни испораки со беспилотни летала, направивме над 20.000 безбедни испораки“, рече „Walmart“. Во овој потфат, „Walmart“ соработува со „DroneUp“.