OnePlus 13 е следниот водечки телефон од популарната кинеска марка, но изгледа дека доаѓа со некои големи промени.

Според наводите на дојавувачот со прекар DigitalChatStation, премиум телефонот OnePlus 13 можеби нема поддршка за безжично полнење.

За споредба, неговиот претходник – OnePlus 12, има поддршка за безжично полнење од 50 W, како и брзо полнење од 100 W за батерија од 5400 mAh.

Од друга страна, OnePlus 13 би требало да има поголема батерија (6000 mAh), но се очекува да нуди само опција за брзо полнење од 100 W.

Засега не е познато која е причината за отфрлањето на поддршката за безжично полнење, но можно е имплементацијата на поголема батерија да е една од нив.

Наводно, одложено е и објавувањето на некои други производи на OnePlus, како што се OnePlus Pad 2, OnePlus Watch 3, OnePlus Buds 3.