Новата, четврта сезона за Diablo 4 ќе дојде нешто подоцна од планираното.
Тековната сезона е продолжена до 14 мај, соопшти Blizzard, наведувајќи големи промени во основните системи на играта.
Накратко, системот на опрема целосно се менува, а целта ќе биде опремата што ја освојуваат играчите (како drop од шефовите) да се направи порелевантна за класата што ја играат.
На пример, ликовите кои се потпираат на магија повеќе нема да добиваат опрема која бара голема сила.
Од друга страна, карактеристиките на опремата ќе имаат помалку функции на почетокот, но играчите ќе добијат поголема слобода во модификацијата на таа опрема преку два нови системи за „крафтинг“ (tempering и masterworking).
Сето ова ќе биде придружено со бројни други промени, а статистиката за опремата генерално ќе биде појасна и почитлива. Оние кои го следат овој тип на игри веројатно ќе кажат дека Blizzard бил принуден да направи драстични промени бидејќи Diablo повеќе не е најпопуларната игра од тој вид.
Можеби до одреден степен се во право – ако ја погледнете статистиката за активности на Steam, ќе видите дека таа стои зад игрите како Path of Exile и Last Epoch.