Ако барем еднаш ви се случило да ви пристигне маил кога не треба, ова е трик што треба да го пробате.
На социјалната мрежа Reddit неодамна се водеше дискусија за тоа кои се тие едноставни совети кои го олеснуваат животот, а малкумина знаат за нив. Еден од коментарите со најмногу гласови е за мејловите.
„Ако користите Outlook и примите е-пошта за која немате време во тој момент, но во исто време не сакате да ја заборавите, одете на десен клик или изберете ги трите точки на е-поштата, и притиснете ја опцијата Snooze“, напиша еден корисник на Reddit.
„Таму можете да изберете време кога сакате е-поштата повторно да се појави, а потоа ќе биде на врвот на вашето сандаче“, додаде тој.
Истата опција постои и за Gmail, а многу корисници немаа поим за тоа, па беа благодарни бидејќи тврдат дека тоа ќе им го „олесни животот“.