Необичен случај пријавил корисник на Редит, кој прикачил и фотографија која не ја гледате секој ден.
Овој корисник по име Thejus Parol забележал дека температурата на неговата графичка картичка неконтролирано расте, но не бил подготвен за такви виновници – инсекти.
Кога го отворил компјутерот, вели, мравките почнале да ја јадат термалната паста од графичката картичка. Поради ова, неговиот GTX 1060 GPU беше потопол од вообичаеното, но вентилаторите сепак се вртеа како што се очекувало.
My CPU/GPU got infested by ants when I was gone for a month. I played games and ran benchmarks so they would come out cos of heat. Also left my pc running overnight but they still inside. Help
byu/lazylollipop inpcmasterrace
Се чини дека успеал да го реши проблемот со користење на етилалкохол за чистење и нанесување свеж слој термичка паста, а околината на компјутерот ја испрскал со средство за заштита од инсекти за секој случај.
Имаше корисници на Редит кои претходно имале слични проблеми – пред неколку години, еден дури објави видео од мравки како лазат во неговиот компјутер.