Започна официјалната сертификација на уредите кои го поддржуваат стандардот Wi-Fi 7 – следната генерација на безжичен домашен интернет.
Wi-Fi Alliance започна официјално да ги сертифицира уредите кои го поддржуваат стандардот за безжичен домашен интернет Wi-Fi 7.
Во текот на 2024 година ќе видиме нови производи, како телефони, лаптопи и рутери, кои ќе го користат новиот стандард. Новата технологија треба да донесе поголеми брзини и помала потрошувачка во споредба со Wi-Fi 6E.
Алијансата тврди дека Wi-Fi 7 ќе го надмине постоечкиот стандард во сектори како што се стриминг со висок проток, безжично играње без доцнење и за нови технологии кои ќе имплементираат виртуелна реалност.
За Wi-Fi 7 се вели дека е „првата генерација изградена од темел“ за опсегот од 6 GHz.
Интересно е што на пазарот веќе има Wi-Fi 7 рутери, компании како Netgear, TP-Link и Eero, а првиот меѓу нив пристигна пред околу два месеци. Останува да се види дали овие уреди ќе добијат сертификат, гарантирајќи дека добро работат со уредите Wi-Fi 7.
Кога станува збор за техничките спецификации, за заинтересираните, Wi-Fi 7 нуди двојно поголема пропусност (од 160 MHz до 320 MHz) во споредба со уредите со најбрзите стандарди за Wi-Fi 5, 6 или 6E.
Со Wi-Fi 7 доаѓа и Multi-Link Operation (MLO), што претставува безжична агрегација на врски, со поврзување со опсезите од 2,4 GHz, 5 GHz и 6 GHz, што нуди поголема брзина и стабилност.
Важно е да се истакне дека уредите со Wi-Fi 7 ќе бидат компатибилни со претходните верзии на Wi-Fi.