Јужнокорејската компанија Samsung најави нов производ, паметниот прстен Galaxy Ring, кој ќе користи сензори за следење на здравјето на корисникот.
Some details about Samsung’s smart ring have emerged https://t.co/wAARu645aF
— Android Police (@AndroidPolice) January 22, 2024
Портпаролката на Samsung Амбер Ривер рече дека новиот прстен треба „да им овозможи на повеќе луѓе да управуваат со своето здравје со сеопфатен, но сепак поедноставен пристап кон секојдневното здравје дома“, пишува The Verge.
Таа додаде дека прстенот ќе има најсовремени сензорски технологии и ќе биде доволно удобен за секојдневно носење, а неговата цена најверојатно ќе биде околу 275 евра.
Се очекува прстенот на Samsung да се појави на пазарот оваа година.
Паметниот прстен е стилска опција за луѓе кои веќе носат накит, а дополнителната придобивка е што батеријата на овој уред трае подолго од батеријата во паметните часовници.
На пазарот за паметни прстени моментално доминира финската компанија за здравствена технологија Oura, а Samsung се обидува да ја разниша нејзината доминација со нов производ.
Поврзани артикли