Јутјубер ги спореди брзините на најновиот Samsung Galaxy S24 Ultra и iPhone 15 Pro Max.
Јутјубер и корисник на платформата X, со прекар „sakitech“ објави интересно видео во кое ги споредува брзините на двата моментално најсилни телефони што ги нудат Samsung и Apple.
Galaxy S24 Ultra и iPhone 15 Pro Max користат различни стандарди на внатрешна меморија, така што телефонот на јужнокорејскиот гигант се потпира на UFS технологијата, додека компанијата од Купертино користи складирање NVMe.
Двете технологии нудат брзи брзини на читање и пишување податоци, но во дикретниот тест, Galaxy S24 Ultra е крајниот победник.
Тестот покажа дека Galaxy S24 Ultra е 75% побрз од iPhone 15 Pro Max, а се тоа со помала латентност.
Galaxy S24 е побрз во секвенцијалните брзини на читање податоци, како и во пишувањето податоци. Првиот тест покажа дека моделот Samsung е за околу 75% побрз од iPhone, додека вториот тест покажа разлика од 15 проценти.
Samsung Galaxy S24 Ultra vs iPhone 15 Pro Max
The SSD (storage) in the S24 Ultra is significantly faster than the one in the iPhone 15 Pro Max.
This is BIG.
Sequential Read speed is 75% faster.
Sequential Write speed is 15% faster.The latency is also lower on the S24 Ultra… pic.twitter.com/lSziIh45T6
— sakitech (@sakitechonline) January 20, 2024
За сето ова се заслужни побрзите флеш-мемориски чипови, а слични резултати може да се забележат и во 4K тестовите.
Конечно, Galaxy S24 Ultra го надмина iPhone 15 Pro Max и во тестот за траење на батеријата.
Поврзани артикли