Honor наскоро ќе ја претстави серијата на телефони Magic6, а сега имаме увид во дизајнот на моделот Honor Magic6 Pro.
Honor на 11 јануари се подготвува да ја претстави серијата на телефони Magic6 во чии рамки водечкиот збор ќе го има моделот Honor Magic6 Pro.
Сега Жао Минг, извршен директор на Honor, понуди увид во дизајнерската филозофија што кинеската фирма ја носи во новата серија на телефони.
Honor Magic6 Pro Design Officially Unveiled From All Angleshttps://t.co/QlRjH2xaiJ
— SPARROWS NEWS (@sparrows_news) January 2, 2024
Дизајнот на серијата Honor Magic6 се заснова на спојот на историјата, природата и модерната естетика и се стреми кон едноставност.
Се разбира, централниот елемент на дизајнот е системот на камера, во рамките на експресивниот систем „star wheel“ со три сензори за камера, вклучувајќи телефото сензор за перископ, со дигитален зум од 100x.
Honor Magic6 Pro ќе биде достапен со три опции за складирање: 256GB, 512GB и 1TB.
На планот на софтверот, се очекува MagicOS 8.0 базиран на Android 14. Повеќе фотографии од телефонот можете да видите овде.