Причината зошто ChatGPT беше накратко недостапен за корисниците денес е непозната.
Калифорниската компанија OpenAI денеска објави дека го решила проблемот поради кој нејзиниот генеративен систем за вештачка интелигенција ChatGPT бил недостапен за корисниците околу 40 минути.
Компанијата објави и дека некои корисници на деловната услуга ChatGPT Enterprise пријавиле зголемен број на системски грешки во споменатиот период, пренесува CNBC.
OpenAI не ја откри причината за проблемот, а услугата сега е повторно достапна.
Chatbot ChatGPT веќе доживеа тешкотии на почетокот на овој месец, како и во ноември, кога беше недостапен подолг период.
Компанијата OpenAI претходно објави дека ChatGPT има околу 100 милиони активни корисници неделно.