Неодамна од печат во издание на „Арс Ламина“ излезе новата хит-книга на авторот Зоран Спасов-Ѕоф насловена како „Цепај сине“.
Како и со сите досегашни изданија, така и овој пат Ѕоф и „Арс Ламина“ целосниот приход од продажбата од оваа книга ќе го донираат во хуманитарни цели. Со средствата од оваа хуманитарна акција ќе се изгради катче за игра и детска библиотека за пациентите на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во Скопје.
Доколку сакате да се вклучите во оваа благородна акција, купете и подарете примерок од оваа урнебесна книга на своите блиски, пријатели, колеги или деловни соработници.
Нарачајте преку е-адресата: [email protected] или во „Литература.мк“.
Компаниите можат да платат и преку фактура.