На социјалните мрежи малку по малку наидуваме на некаков скриншот од порака која не испаднала како што треба, а главен виновник за тоа е најчесто автокорекцијата.
Додека во раните денови автокоректот беше речиси бескорисен, денес работите се малку поинакви.
Сепак, ситуацијата е сè уште далеку од идеална, па честопати се наоѓаме фатени кога телефонот ќе „коригира“ збор во нешто што не ни ни имавме намера да го кажеме. На крајот само се нервираме, и претпочитаме да го оставиме телефонот некаде за да не го фрлиме во ѓубре.
Дали користите автоматска корекција?