Компанијата Xiaomi соопшти дека во иднина ќе биде невозможно да се отклучи bootloader.
Кинескиот производител рече дека оние кои го отклучиле Bootloader на нивните модели на Xiaomi нема да го добијат новиот систем HyperOS и дека оваа опција стандардно ќе биде оневозможена.
Ќе биде неопходно корисниците да поминат низ низа перипетии и да добијат дозвола од самиот Xiaomi за да можат да го отклучат bootloader на HyperOS, а една од потребните ставки е да има ниво 5 во заедницата Xiaomi, т.е. нивниот форум.
Ова веројатно ќе им пречи на многумина, бидејќи не е невообичаено корисниците да „играат“ со системот на телефоните на Xiaomi, што неминовно вклучува и отклучување на bootloader.
„Сакаме да ја заштитиме безбедноста на уредот и да избегнеме протекување податоци, како и да им обезбедиме на корисниците најстабилно можно искуство. Затоа отклучувањето на bootloader-от ќе биде оневозможено на HyperOS“, рекоа од компанијата Xiaomi.
Тие забележаа дека оние што користат MIUI 14 сè уште ќе можат да го отклучат bootloader-от, но ако го сторат тоа, без оглед на оперативниот систем што го работат, не можат да добијат нови ажурирања.