На интернет се појави интересно видео „направи сам“ на кое се гледа како да се направи функционален Bluetooth звучник од лушпа од орев.
YouTube каналот Penguin DIY објави интересно видео во кое ни нуди туторијал за креирање на Bluetooth звучник во лушпа од орев. И се работи.
Видеото не води низ различните фази – од изборот на совршен орев и неговата лушпа, до инсталирање модули, засилувачи, звучници и батерии на полнење.
На крајот, добиваме совршен мал Bluetooth звучник, кој е целосно функционален.