Кина ја лансираше најбрзата интернет услуга во светот – десет пати побрза од претходните.
Користејќи ја оваа врска, можен е пренос на податоци со брзина од 1,2 терабити во секунда помеѓу Пекинг на север, Вухан во централниот дел на Кина и Гуангжу на југ.
Станува збор за траса на оптички кабли долга повеќе од 3.000 километри, активирана во јули, а официјално пуштена во употреба дури сега, откако беа успешно извршени сите потребни тестови.
Ова достигнување е резултат на соработката помеѓу Универзитетот Ксинхуа, операторот „China Mobile“ и компаниите Huawei и Cernet.
Поврзани артикли