Според тврдењата на производителот, нивниот телефон годинава најбрзо ја достигнал ознаката „милион“.
Xiaomi секоја година претставува голем број уреди од серијата Redmi Note, а како што тврдат, оваа година Redmi Note 12 5G собори рекорд. Како што е соопштено, глобалната продажба на серијата Note надмина 338 милиони единици, иако тоа не е толку импресивно кога ќе ги земеме предвид претходните бројки.
Така, на пример, последниот извештај откри дека се продале околу 20 милиони примероци за четири месеци, а сега се продале 18 милиони примероци за повеќе од пет месеци. Сепак, еден модел забележа импресивна продажба.
Според Xiaomi, Redmi Note 12 5G е телефонот што продаде милион единици за најкратко време во 2023 година. Ова се однесува на периодот од првиот до седмиот месец годинава.
We're thrilled to share that the #RedmiNote12 5G has set a blazing record as the fastest Android smartphone to surpass 1 Million shipments in 2023.
Your support drives us to new heights of excellence.
Thank you #XiaomiFans, for your unwavering love and support. pic.twitter.com/F1SSqKtk3I— Xiaomi India (@XiaomiIndia) October 11, 2023
За потсетување, Redmi Note 12 5G е опремен со 6,67-инчен AMOLED екран со Full HD+ резолуција. Стапката на освежување на екранот е 120 Hz, а максималната осветленост е 1200 nits. Екранот е заштитен со Gorilla Glass 3 заштита. На задната страна, овој паметен телефон има три сензори за камера во комбинација – 48 MP (главен сензор) + 8 MP (ултра широк сензор) + 2 MP (макро сензор).
Под капакот на телефонот се наоѓа батерија со капацитет од 5000 mAh, со поддршка за брзо полнење од 33W.
Redmi Note 12 5G се напојува со чип Qualcomm Snapdragon 4 Gen 1, кој е поврзан со до 8 GB RAM и до 256 GB простор.