Компанијата Atari објави дека започнале преднарачките за физички кертриџ наменет за конзолата 2600 од 1977 година, која беше најуспешна во 1982 година.
Станува збор за игра наречена „Save Mary“, која беше во развој две години, што е исклучително долг период кога се зборува за генерацијата на гејминг пред конзолата NES. Вообичаената фаза на развој на игри во тоа време траеше шест до девет месеци, а за некои наслови само пет до шест недели.
Играта Save Mary беше развиена од ветеранот на Atari, Тод Фрај, кој исто така стои зад Pac-Man и серијата Swordquest за конзолата 2600.
It's finally time to Save Mary!
This never-released cartridge by Tod Frye was canceled in development when Atari 2600 game production ended in 1990.
TODAY, only 500 copies of Save Mary are available for pre-order through the Atari XP collection: https://t.co/IJzXsAFNRo pic.twitter.com/Yj2uD0femu
— Atari (@atari) October 6, 2023
Играта чини 60 долари, а достапни се само 500 патрони, што значи дека кертриџот е и колекционерски предмет.
Што се однесува до самата игра, таа се заснова на спасување на Лејди Мери. Таа е во кањон кој брзо се полни со вода, а играчите мора да користат кран за да изградат платформи за да може да се спаси.
Така, играта „Save Mary“ им се придружи на другите неодамна произведени касети за Atari 2600, многу од нив сосема нови наслови како „Mr. Run and Jump“.
Во моментов Atari продава подобрена верзија на споменатата конзола која ја носи ознаката 2600+.