Режисерката на првиот македонски филм на Нетфликс – Дина Дума, беше гостина во „Што го врти светот“. Со Јована отворија најразлични теми кои во моментов го вртат филмскиот свет. Една од темите беше користењето на Вештачката интелигенција, во филмот.
Отворено беше и прашањето дали новите технологии ќе го направат снимањето на одредени жанрови како Научната фантастика поевтино и подостапно за македонските филмски студија. Моментално оваа тема го тресе филмскиот свет, поради заканата за бројни работни позиции во оваа индустрија. Од друга страна според Дума, новите технологии можат да отворат и нови, различни работни места во филмот. Дел од достапните технологии, особено визуелните, во делот на шминка, или замена на статисти пак, засега се далеку од квалитетот што е потребен за филм. Сепак според режисерката, прашање на време е кога технологијата ќе го достигне нивото на човекот.
„Од една страна е фасцинантно, но од друга страна е застрашувачки. Не мислам дека ќе се заменат многу позиции во филмот. Технологијата многу олеснува за правење на филмови од типот на Аватар, на пример. Но, секогаш ќе бидат потребни луѓето и креативците кои работат на тој сет.“ – истакнува режисерката.
„Самата технологија не значи ништо без креаторите на истите. Нема да исчезнат, но ќе има нови позиции. Ќе имаме програмери во филмот. Кога снимате на зелен екран ви требаат многу професионалци кои потоа тој дел добро ќе го сработат. Најмалата грешка или неквалитет веднаш ќе го забележи гледачот“ – додава Дума.
Целата епизода во која покрај оваа тема беа обработени и темите на финансирање на филм во Македонија и во светот, снимањето на серии како „Преспав“ на која работи и Дума, како и важноста на креирањето на содржини на македонски за заштита и развој на јазикот.
Погледнете ја целата епизода со режисерката која го создаде „Сестри“ (првиот македонски филм на Нетфликс) и е дел од тимот на „Преспав“:
Во светот моментално темите поврзани со Вештачката интелегенција на големо ја тресат филмската индустрија. Здружението на писатели на Америка, предупредува дека наскоро продуцентските куќи ќе почнат да ги заменуваат авторите со скрипти генерирани со помош на апликации слични на ChatGPT алатката. Истовремено компаниите од забавната индустрија веќе имаат огласи за продукт менаџери во областа на Вештачката интелегенција со плати помеѓу 300 и 900 илјади долари годишно. За компарација просечните примања на актери кои не се во главни улоги се движат околу 26 000 годишно. Промената се случува во многу индустрии, истата треба да се следи, т.н. четврта технолошка револуција е тука. Доколку ве интересираат теми поврзани со работните места и вештачката интелегенција можете да ја погледнете и првата епизода од „Што го врти светот“ со Дарко Велков.