Платформата Netflix планира да ја зголеми цената на услугата без реклами по завршувањето на штрајкот на холивудските актери.
Како што пишува WSJ, Netflix преговара за зголемување на цените на неколку пазари низ светот, но најверојатно ќе започне со САД и Канада, пренесува Ројтерс.
Не се знае колку Netflix ќе ги покачи цените, ниту кога ќе стапат на сила новите цени.
Во февруари платформата ги намали цените на своите услуги во некои земји, а во истиот месец презентираше и план за ограничување на споделувањето лозинки меѓу претплатниците, кој беше воведен во повеќе од 100 земји во мај.