Револуцијата на преносните игри во Европа започна пред точно 33 години.
Имено, на 28 септември 1990 година, Nintendo Game Boy беше објавен на Стариот континент, една година по неговата премиера на другите пазари.
Game Boy беше дизајниран како конзола која комбинираше некои карактеристики на домашната конзола на Nintendo (NES) и првата пренослива конзола (Game & Watch).
Доби голема популарност веднаш по објавувањето, бидејќи оригиналната верзија дојде во пакет со познатиот тетрис, кој беше продаден во повеќе од 35 милиони примероци во верзијата Game Boy. Подоцна, се разбира, следеа и други хитови од франшизите Pokemon, Zelda и Super Mario.
Game Boy имаше екран од 2,6 инчи (резолуција 160 x 144) на кој можеше да ја прилагодиш опцијата за контраст на сликата, но не и осветленоста, па не можеше да играш ни во темни услови. Производителите „скокнаа на тоа“, па имаше голем број додатоци за осветлување на екранот за Game Boy.
Сите заедно, Game Boy и GBC продадоа 118,69 милиони единици, што го става Game Boy на четвртата најпродавана конзола на сите времиња.
Се верува дека клучот за успехот лежи во едноставноста на конзолата. Посебно интересна е статистиката објавена од Nintendo of America во 1995 година, каде што се вели дека дури 46% од играчите на Game Boy се женски.