Легендарниот оперативен систем Windows 95 беше објавен на 24 август 1995 година и донесе вистинска револуција во светот на компјутерите.
Windows 95 е верзијата на оперативниот систем што практично го прослави Мајкрософт, а тоа доведе до популаризација на платформата Windows и го смести овој софтвер во домовите на многу корисници.
Со Windows 95 дојдоа важни промени и подобрувања, како што се Start менито, лентата со задачи и имаше Windows Explorer (сега File Explorer). Иконските игри за Windows Solitaire и Minesweeper се појавија и со Windows 95.
Internet Explorer не пристигна веднаш со Windows 95, но дебитираше во декември 1995 година, а корисниците пристапуваа на интернет преку иконата „The Internet“ на нивната работна површина.
Мајкрософт потроши повеќе од 300 милиони долари на промотивната кампања за Windows 95, а во тоа време беше најскапата кампања во американската историја. Рекламите за Windows 95 можеа да се видат насекаде – во весници, на радио и телевизија, на билборди, што исто така означи значителни промени во рекламните тактики и маркетинг кампањите за ИТ производите.
Windows 95 се смета за голем успех на Microsoft. Оваа верзија на оперативниот систем беше продадена во над милион примероци само во првата недела, а до крајот на 1998 година беше најкористениот оперативен систем. Тој беше наследен од Windows 98 во 1998 година.
Погледнете како изгледаше официјалното лансирање на Windows 95 на Microsoft:
Поврзани артикли