За софтверската компанија Singular, вработените и можноста тие да ја изразат својата индивидуалност се главниот мотив да креира пакет со придобивки во кои се вклучени и повеќе од 25 бенефити низ широк опсег на сфери и интереси меѓу кои можност за работа на глобални проекти во интернационални тимови, 30 дена платен одмор, породилно отсуство за двата родители и онлајн-вебинари низ кои се овозможува развој во различни делови од животот.
Станува збор за наградувана софтверска компанија која наскоро ќе прослави двегодишнина како бренд на Flutter Entertainment Plc, светскиот лидер во онлајн спортско обложување и гејминг. Оттогаш, пакетот за вработени во компанијата е збогатен со придобивки кои не само што ги поттикнуваат луѓето да се усовршат професионално работејќи на исклучително квалитетните продукти, туку и ги охрабруваат да искусат различни работни средини патувајќи и соработувајќи со колеги од Flutter низ целиот свет.
Овој пристап е целосно инкорпориран во компаниската култура на Singular како дел од Positive Impact Plan на Flutter. Планот на целата групација е базиран на три столба, а еден од нив – Work Better – е фокусиран на позиционирање на луѓето и нивната индивидуалност во самиот центар. Во Singular, сепак, приказната секогаш е поширока, бидејќи пакетот на придобивки е поголем од едноставно обезбедување можности за напредок во кариерата и професионален раст.
„Со вработените негуваме односи засновани на доверба, взаемна добивка и опкружување што нѝ овозможува на сите да напредуваме во секој аспект. Нашиот извонредно поврзан тим посветува големо внимание да се осигура дека секој се чувствува комфорно и може да го искористи својот целосен потенцијал. Фокусот е ставен на најсовремените технологии и иновативни решенија, а воедно им овозможуваме на нашите вработени да останат во првите редови на технолошката индустрија. Работниот живот без предизвици може да биде досаден и демотивирачки. Од друга страна, секој член на нашиот тим има простор и време кое може да го помине со своето семејство, со своите најмали и најмили, да патува и да го најде балансот што го прави среќен“, вели Дарко Гацов, Director of Operations во Singular во Скопје.
Суштината на пристапот што компанијата го практикува на планот на придобивките е дека тие се конципирани за да ја продлабочуваат поврзаноста на тимот, но и да креираат можности за секоја личност да се развива според сопствените потреби. Една од придобивките која што овозможува подобрување на тимската комуникација и соработка е компанискиот тим билдинг. Во 2022, сите три канцеларии на Singular се собраа во Кипар, каде што имаа прилика да се сретнат со своите стари колеги, но и да ги запознаат новите членови на тимот. Дополнително, овие патувања нудат забава и релаксација, но и го зголемуваат степенот на енергија, инспирација и лично задоволство. Поради тоа, во пакетот на придобивки, Singular ја вклучува и програмата Take 20, со која што вработените можат да работат од која било дестинација во странство во времетраење од 20 дена.
Креирањето можности за вработените е инвестиција не само во поединците туку и во најблиските, особено во рамки на нивните семејства. Тимот на Singular има приватно здравствено осигурување, како и денови коишто вработените може да ги земат во случај на настинка, главоболка и други болести. Компанијата, исто така, верува дека родителството е тимска работа и од тие причини, покрај задолжителното мајчинско породилно отсуство, пакетот вклучува платено татково отсуство во времетраење од четири недели, како и дополнителни 12 недели доколку е потребна дополнителна грижа за малечките што се родени предвреме.
Дополнително, Singular овозможува премиум-претплати на апликациите за медитација и личен развој Headspace и Mind Tools, организира канцелариски настани и работилници кои покриваат разни теми за подигнување на свеста за менталното здравје на работното место, а и има простори за одмор за секој вработен да има простор за релаксација во моментите кога тоа е најпотребно. Сето ова придонесува кон визијата на Singular – да креираат можности коишто ќе им овозможат на вработените личен и професионален развој, но ќе ги поттикне воедно и да ги споделуваат своите вредности, искуства, и инспирации. Со други зборови, да дознаат како да станат добар „фит“ и да го искористат тоа знаење за да растат заедно на работното место.
„Голем предизвик и задоволство е да се биде дел од Singular во текот на растот од стартап до глобален бренд. Успехот на компанијата континуирано создава можности за кариерен развој за вработените преку градење взаемни односи во кои никој не чувствува дека дава повеќе отколку што добива, и работодавачот и вработените чувствуваат почит и посветеност, создавајќи средина каде што се охрабруваат идеи и споделување на знаења. Низ годините, тие развија во насока која не само што ги адресира нашите цели во кариерата, туку и личните аспирации. Со гордост можеме да кажеме дека во секоја канцеларија градиме тимови that FIT“, вели Елена Михајлоска Димоска, Head of Communications and Employer Branding.
Приказната на Singular не само што е исклучителна, туку е и инспиративна. Софтверската компанија изминативе 14 години изгради силен интернационален кредибилитет преку развој на компетитивни продукти, а потврда за нивниот врвен квалитет се наградите освоени на интернационално ниво. Флексибилност и иновативност се само дел од карактеристиките на производите на Singular кои се изградени од тим од повеќе од 170 луѓе во сите три канцеларии во Македонија, Грузија и Малта.
Во 2021 година, Singular стана дел од Flutter Entertainment Plc., водечката светска компанија за онлајн спортско обложување и игри, придружувајќи се на дел од најпознатите брендови во индустријата, како PokerStars, FanDuel, Paddy Power, Betfair, Sisal, Blip и Sportsbet. Со поддршка од Flutter, Singular создава широк спектар на можности за кариерен развој и притоа го негува сопствениот идентитет. Носечки дел на овој пристап е почитта што компанијата ја има за секој член на својот тим, но и довербата во нивните индивидуални вредности и квалитети. На тој начин Singular не само што креира услови кои што секому ќе овозможат да напредува и да се развива, туку и ќе воспостави нови стандарди во индустријата и ќе отвори ново поглавје во својата уникатна приказна.
За повеќе информации за Singular, пакетот на придобивки и отворени работни позиции, посетете ја: culture.singular.uk.
ПР Текст