Според експертите, апликациите кои најмногу ја трошат батеријата на вашиот телефон се оние кои постојано работат во позадина – дури и кога не ги користите активно, пишува Дејли мејл
Апликациите за социјално вмрежување, услугите за стриминг и некои игри се меѓу најголемите виновници за трошење на батеријата на вашиот телефон, велат експертите за сајбер безбедност.
Фејсбук и Инстаграм, сопственост на Мета, Твитер, Снепчет и ТикТок, се некои од апликациите кои најмногу ја трошат батеријата, предупредуваат експертите, бидејќи апликациите имаат пристап до вашата локација, микрофон, камера и контакти во секое време.
Корисниците масовно се жалат и на новата апликација Тредс на Мета, која ги собори сите рекорди собрајќи повеќе од 110 милиони корисници од нејзиното лансирање минатата недела, дека пребрзо ја троши батеријата на телефонот.
Некои фрустрирани корисници на новата апликација за микроблогирање, која многумина ја гледаат како директен ривал на Твитер, дури ја избришаа апликацијата откако забележаа дека нивната батерија побрзо се троши.
Експертот за сајбер безбедност Џејк Мур сугерираше дека тоа би можело да биде резултат на процес наречен „негативно тестирање“, пренесува Н1.хр.
„Мета апликациите долго време беа обвинети дека ги трошат батериите на Ајфоните. Ова може да биде затоа што програмерите се обидуваат да соберат податоци за тоа како корисниците комуницираат со апликацијата, што дополнително ја троши батеријата“, вели Мур.
Освен оние на Мета, ова се другите апликации кои ја трошат батеријата:
1. Фејсбук
2. Твитер
3. Инстаграм
4. Снепчет
5. ТикТок
6. Убер
7. Амазон
8. Спотифај
9. Нетфликс
10. Кенди Краш
Поврзани артикли