На својата годишна конференција, Google ги претстави новите производи, Pixel Fold и Pixel Tablet, како и амбициозните планови за проширување на четботот Bard и развој на новиот систем за вештачка интелигенција PaLM 2.
Телефонот Pixel Fold не носи многу изненадувања во однос на неговите главни конкуренти, Galaxy Z Fold и Galaxy Z Flip на Samsung, а неговата цена за американскиот пазар е 1.646 евра, пренесува CNN.
Презентиран е и новиот смартфон Pixel 7a, со подобрени функции на камерата и чипот Google Tensor G2, а неговата цена во продавницата на Google е 456 евра.
Google Pixel Tablet е првенствено наменет за домаќинствата, со дијагонала на екранот од 11 инчи, а неговата цена е исто така 456 евра.
Американската компанија објави и дека системот за вештачка интелигенција на Google Bard наскоро ќе биде достапен во 120 земји во светот, на 40 јазици.
Google ќе развие нов систем за вештачка интелигенција, PaLM 2, кој треба да биде главен конкурент на популарниот ChatGPT-4 од OpenAI, се вели во соопштението на Google.