Корисниците повеќе не треба да размислуваат дали претплатата на Twitter Blue е достапна во нивната земја.
Твитер потврди дека претплатата Blue сега е достапна за сите корисници на глобално ниво. За цена од осум долари месечно (11 долари ако сте на апликацијата за iOS), добивате специјална сина ознака и поволности како објавување твитови со 4000 знаци, повисок ранг во одговорите, уредување објави (edit) и друго.
Деловните корисници и бизнисите, пак, добиваат сив знак, за кој Твитер почна да прима апликации. На овој начин ќе се верификуваат функционери во влади, организации и други институции.
Twitter Blue is now available globally! Sign up today to get your blue checkmark, prioritized ranking in conversations, half ads, long Tweets, Bookmark Folders, custom navigation, Edit Tweet, Undo Tweet, and more. Sign up here: https://t.co/SBRLJccMxD
— Twitter Blue (@TwitterBlue) March 23, 2023
Новиот Twitter Blue беше објавен во ноември, но набрзо наиде на проблеми. Ознаката изгледаше исто без разлика дали сте платиле за неа или сте биле потврден корисник од порано, луѓето почнаа да го користат своето членство за да се претставуваат како други и слични работи.
Твитер последователно блокираше нови сметки да се регистрираат за Blue, а во декември мораше повторно да го објави ова ниво на претплата, заедно со златни и сиви ознаки.
Илон Маск, извршниот директор на Твитер, ја нагласи намерата половина од заработката на Твитер да доаѓа од претплати, за што е потребна поголема публика и поголем број на оние кои плаќаат за претплати.
Сега кога Twitter Blue е достапен ширум светот, останува да се види дали има доволно луѓе кои сметаат дека дополнителните функции што ги нуди Blue вреди да се претплатите на услугата.
Поврзани артикли