Некогаш популарниот плеер сега станува услуга за стриминг.
Дивелоперот Llama Group најави нова верзија на Winamp, како и лансирање на услуга за стриминг базирана на неа.
The new Winamp is launching for creators on March 15th⚡️ Phase 1 is an open beta version focusing on the artists’ experience. Fans, you can discover our new player and the Winamp Fanzone from April 15th.
👉 Musicians, follow @winampcreators for more.#musictech #musicindustry pic.twitter.com/ayw7guUfqR
— Winamp (@winamp) March 1, 2023
Една од главните предности на новата платформа ќе биде релативно високото ниво на заработка за музичарите. Тие ќе можат да добијат до 85% од заработката, која ќе ја генерираат нивните фанови.
Наведените обожаватели и сите други корисници ќе можат да се претплатат и да добиваат ексклузивна содржина, права за користење музика, NFT и повеќе.
Секцијата Winamp Fanzone ќе биде достапна за музичарите почнувајќи од 15 март. Тие ќе имаат еден месец да ги постават своите профили и да создадат нивоа на претплата.
Потоа, на 15 април, платформата ќе стане отворена за сите корисници. Ќе можете да слушате музика, подкасти, аудио книги, сето тоа во веб-плеерот Winamp.
Ќе има и посебен Winamp плеер за Windows, Android и iOS платформи.