Модуларниот квантен компјутер IBM Quantum System Two е базиран на новата технологија на квантни процесори, а во функција би можеле да го видиме на крајот на следната година.
IBM Quantum System Two, штом ќе стигне на пазарот, ќе биде првиот целосно модуларен квантен систем во светот со способност да се прилагодува на потребите на корисникот.
Ова беше објавено од одделот IBM Quantum, кој има за цел да го направи квантното пресметување применливо за комерцијални цели. На настанот IBM Quantum Summit беа претставени голем број хардверски и софтверски новитети поврзани со квантните компјутери. Тие ја истакнаа следната година како клучна точка во нивниот бизнис и развојот на оваа технологија, кога треба да започнат со создавање на првиот вистински квантоцентричен суперкомпјутер.
Таа најава е и најгласна – новиот суперкомпјутер IBM Quantum System Two ќе биде столбот на квантните напори на IBM во наредниот период. Дизајниран како модуларен суперкомпјутер, овој систем е сместен во фиоки, кои можат да се поврзат и комбинираат.
Со технологијата на квантен процесор Osprey, со дополнителни подобрувања, секој модул ќе содржи и контролира повеќе од 433 кјубити, како основни единици за извршување на квантните пресметки. Квантниот процесор на Osprey од 433 кјубити обезбедува тројни перформанси од претходната генерација, Eagle, претставена минатата година. Од IBM велат дека потенцијалот на овој систем е огромен, бидејќи неговата целосна употреба значително би ги надминала можностите на секој класичен компјутер.
„За споредба, бројот на класични битови кои би биле потребни за да ги претстават сите квантни состојби во IBM Osprey значително го надминува бројот на атоми во универзумот каков што го знаеме“, вели IBM.
Со ставање на тие процесори во фиоки и поврзување на нивните системи за ладење и други системи, ќе биде можно да се формира квантен суперкомпјутер со до 16.632 кјубити. Се очекува првиот функционален систем на ваков квантоцентричен суперкомпјутер да биде претставен следната година, на новото издание на IBM Quantum Summit. Системите поголеми од 4.000 кубити се планирани само за 2025 година и подоцна.
Поврзани артикли