NFT на твитот на Џек Дорси драстично падна во вредност, а најниската понуда за него моментално е под два долари.
Не му се гледа крај на фијаското за тргување со NFT на првиот твит на Џек Дорси. Сина Естави своевремено купи NFT за 1630 етери, чија вредност во тоа време беше 2,91 милиони долари.
just setting up my twttr
— jack (@jack) March 21, 2006
Ова се случи во март 2021 година, и оттогаш, пазарот на криптовалути забележа многу флуктуации, а NFT исто така помина низ турбуленции и пад на вредноста. На тој начин NFT, кој Дорси го продаде на Сина, ја изгуби својата вредност.
Во април оваа година, Естави одлучи да го продаде NFT за 50 милиони долари. Сепак, највисоката понуда беше само 2 ETH, или околу 6250 американски долари во тоа време.
Истиот NFT, кој на Дорси му донесе профит од 2,91 милиони долари, во меѓувреме дополнително ја загуби вредноста, па најдобрата понуда за него моментално е 0,15 ETH (околу 243 долари). Најниската понуда е 0,0001 ETH и вреди околу 1,62 долари.
Останува да се види дали Естави ќе остане на својот претходен став. Тој изјави за Би-Би-Си претходно оваа година дека можеби никогаш нема да го продаде својот NFT, иако го спореди со Мона Лиза за време на купувањето минатата година.
Поврзани артикли