Најдолгиот патнички воз на светот, составен од 100 вагони кои се протегаат на речиси два километри, минатиот викенд помина низ прекрасниот пејзаж на швајцарските Алпи.
Компанијата Раетинска пруга RhB соопшти дека го соборила светскиот рекорд за најдолг патнички воз на годишнината од 175-годишнината на познатите швајцарски железници.
The world’s longest passenger train — an assembly of 100 connected coaches measuring nearly two kilometres — wound through breath-taking scenery in the Swiss Alps Saturday https://t.co/zr7Dlap2Ly pic.twitter.com/JScVdVeiyp
— AFP News Agency (@AFP) October 29, 2022
Возот долг 1.910 метри, составен од 100 вагони, патувал низ Алпите во источниот швајцарски кантон Граубуенден.
„За мене тоа е вистинско швајцарско совршенство“, изјави извршниот менаџер на RhB, Ренато Фасцијати за швајцарскиот портал Blick, кој го пренесуваше настанот во живо, додека црвениот воз полека се пробиваше низ планинскиот регион.
Mission accomplished! 🚞🇨🇭#Switzerland’s largest private railway operator @rhaetischebahn has set a new #worldrecord for the longest passenger train on a spectacular narrow gauge track through the Swiss Alps today! 🤩 #guinnessworldrecord 📸 Photo credit: Philipp Schmidli pic.twitter.com/8TL0ROr2mQ
— Swiss Consulate Atlanta (@SwissCGAtlanta) October 29, 2022
Иако има товарни возови кои се подолги, некои над три километри, саботниот настан се однесуваше на убедливо најдолгиот патнички воз што некогаш сообраќал.
Тој беше неколку стотици метри подолг од возот што го собори рекордот во Белгија во 1990-тите, изјави портпаролот на RhB за AFP.