Motorola Razr 2022 е третата генерација на преклопен телефон на компанијата со флексибилен екран.
Razr 2022 го краси 2,7-инчен Quick View дисплеј однадвор, кој ги обезбедува најважните известувања и информации. Кога ќе се отвори razr 2022, внатре има 6,7″ FHD+ P-OLED дисплеј со стапка на освежување на екранот до 144Hz. Има и HDR10+ сертификат и поддршка за 100% DCI-P3 опсег на бои.
Motorola ги редизајнираше држачите за шарки кои го одржуваат дисплејот отворен во режимот Flex View, така што дисплејот стои под аголот што корисникот го сака и му овозможува да работи и да се забавува како што замислил. Постои и можност за поделен екран со цел да се користат неколку апликации истовремено.
Во полето на камерата, телефонот има главен сензор од 50 MP со технологија Ultra Pixel од 2.0μm и обезбедува 4x подобра чувствителност во услови на слаба осветленост, а има и поддршка за OIS. Има и камера со ултра широк агол од 13 MP, како и сензор Macro Vision кој ќе се погрижи да се приближите 3,5 пати до она што го фотографирате.
Кога ви треба поголем екран, отворете го телефонот и користете ја камерата од 32 MP за селфи и видео повици.
Телефонот се напојува со чипсет Snapdragon 8+ Gen 1 на Qualcomm, заедно со 8GB RAM и 256GB простор за складирање. Оперативниот систем е Android 12 со кориснички интерфејс MyUX.
Моторола Razr 2022 се напојува со батерија од 3500 mAh, со поддршка за брзо полнење од 30 W преку USB-C приклучокот. Има и поддршка за 5G, Dolby Atmos и IP52 сертификат за отпор.
Motorola razr 2022 е достапен во Европа по цела од околу 1200 евра.