Играчите ќе имаат пристап до нивните игри во библиотеката до 18 јануари 2023 година.
Во текот на јули имаше тврдења дека Google нема да ја затвори услугата за стриминг на игри Stadia, но компанијата се откажува од овој проект по само три години од неговото постоење.
Од компанијата истакнуваат дека играчите ќе продолжат да имаат пристап до нивните игри и ќе можат да ги играат до 18 јануари 2023 година. После тоа, Stadia ќе се приклучи на долгата листа на услуги и производи што Google ги прекина.
Оние кои вложиле пари во Stadia ќе си ги вратат парите. „Ќе ги рефундираме сите набавки на хардвер на Stadia направени преку Google Store, како и сите набавки на игри и додатоци за игри купени во продавницата на Stadia“, рече Фил Харисон – потпретседател и генерален менаџер на услугата Stadia.
Продавницата на Stadia сега е затворена, а нови купувања веќе не се можни. Трансакциите во играта се исто така оневозможени. Google истакнува дека повеќето рефундации ќе се обработуваат автоматски, а корисниците нема да мора да го враќаат најголемиот дел од хардверот на Stadia.
Кога станува збор за причината за ваквата одлука, тоа не е изненадување. Google истакнува дека услугата не била толку популарна кај публиката како што очекувала компанијата. На ова му претходеше затворањето на внатрешните студија за развој на игри на Google на почетокот на минатата година.
Во март оваа година, Google официјално го објави Immersive Stream for Games, верзија на Stadia која може да биде лиценцирана од надворешни компании. Исто така, се чини дека технологијата Stadia ќе продолжи да живее и во другите производи на Google, како што се YouTube, Google Play и Augmented Reality (AR) сервисите.
Поврзани артикли