Google се подготвува за голем настан закажан за 6 октомври, каде ќе го претстави смартфонот Pixel 7 Pro, а сега е објавено видео кое го открива неговиот дизајн.
Видеото го открива дизајнот на Pixel 7 Pro од неколку агли и во сите три бои кои ќе бидат достапни, а кои веќе се и официјално потврдени. Тоа се боите Obsidian (црна/темно сива), Snow (бела) и Hazel, што е најинтересна.
Малку порано беа откриени спецификациите на моделот Pixel 7 Pro, кој ќе се напојува со Tensor G2 процесор поврзан со 12 GB RAM и 128 или 256 GB внатрешна меморија.
На задната страна ќе има три камери, главната од 50, ултра широката од 12 и телефото камерата од 48 MP. Станува збор за нов Samsung GM1 сензор. За потсетување, минатогодишниот Pixel 6 Pro има сензор Sony IMX586. Напред сè уште е селфи камерата од 11 MP, сепак, тоа е новиот сензор Samsung 3J1 со автофокус.
Се верува дека уредот го користи познатиот 6,7-инчен LTPO OLED екран со QHD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz, а ќе се напојува од батерија од 5.000 mAh која ќе поддржува жично полнење од 30 W и стандардно безжично полнење Qi.