Израелските археолози соопштија дека пронашле остатоци од опиум во керамика стара 3.500 години, што ја докажува теоријата дека халуциногената дрога се користела во древните ритуали за погребување.

За време на ископувањата во централниот израелски град Јехуд, откриени се низа гробници од периодот на доцното бронзено време, што доведе до научно истражување на локацијата и пронајдените предмети.

Едно од наодите е керамика во која имало растенија опиум, што било појдовна точка за научниците да истражат дали керамиката била користена за складирање на дрога.

Претходно откриените списи сугерираат дека опиумот се користел во ритуалите за погребување во Ханан.

Во соопштението се вели дека остатоците од опиум биле пронајдени во осум тегли и дека овие предмети најверојатно биле „поставени за време на церемонијална вечера, обреди и ритуали што живите ги изведувале за нивните починати членови на семејството“, рече археологот Рон Бери.

Според неговото објаснување, за време на овие церемонии, членовите на семејството „ќе се обидат да ги повикаат духовите на нивните починати роднини и да влезат во екстатична состојба користејќи опиум“.

Сепак, Бери признава дека сè уште има многу што не е познато за тие антички времиња и дека може само да се шпекулира за тоа што се правело со опиумот.