Компанијата Boom неодамна изгуби партнер за млазен мотор за својот суперсоничен авион Overture, а за да биде работите уште полоши, другите големи производители на мотори не се заинтересирани за проектот.
Откако Boom потпиша договор со Rolls-Royce за млазни мотори во 2020 година, го загуби овој партнер минатата недела. Уште поголем проблем за Boom е тоа што големите производители на млазни мотори, вклучувајќи ги Pratt & Whitney, GE Aviation, Honeywell и Safran Aircraft Engines, во моментов не се заинтересирани за проектот за суперсонични авиони.
Сепак, Boom тврди дека проектот се уште е „жив“ и дека наскоро ќе открие нов партнер за мотори.
„Можеме само да ја потврдиме нашата намера да воведеме избран партнер за мотори и трансформиран пристап за сигурен, рентабилен и одржлив суперсоничен лет некаде подоцна оваа година“, изјави Boom за Business Insider.
Компанијата има добиено 20 нарачки за авионите Overture од American Airlines, додека Јунајтед сака 15 авиони. Планот на Boom е да изгради фабрика во Калифорнија, а почетокот на летовите на суперсонични авиони се очекува до 2029 година.
Во својата изјава во врска со повлекувањето од проектот, Rolls-Royce наведува дека „по внимателно разгледување, одлучено е дека комерцијалниот суперсоничен авијациски пазар во моментов не е приоритет за компанијата и дека нема да продолжи да работи на програмата“.
Бројот на производители кои можат да развијат млазен мотор за суперсоничен авион е ограничен, а еден од најголемите повеќе не е во проектот. Honeywell, Safron и GE ја отфрлија можноста за вмешаност, додека Pratt & Whitney рече дека ефикасноста е проблем за суперсонични авиони.
Други производители рекоа дека се фокусирани на намалување на согорувањето на горивото. Тоа е примарна насока на индустријата во моментов, особено поради критиките за придонесот на авионите за глобалното затоплување. Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) неодамна го критикуваше суперсоничното патување и во својот извештај наведе дека ќе троши седум до девет пати повеќе гориво по патник, по километар, во споредба со стандардните авиони.
Од Boom тврдат дека би користеле одржливо воздухопловно гориво (SAF), но ICAO наведува дека тоа би било лош начин да се користи SAF горивото, како и дека големата височина на летот на суперсонични авиони значително би го зголемила времето на престој на емисиите.