Intel и AMD наскоро ќе воведат нови DDR5 платформи, што ќе го зголеми интересот за DDR5 мемориските модули.
Досега DDR5 меморијата беше значително поскапа во однос на DDR4, но се чини дека се очекува значителен пад на цената што ќе помогне во подобро и побрзо прифаќање на новиот стандард.
Само во јули цените на мемориските чипови DDR5 забележаа пад од 20 проценти.
Според Digitimes Asia, производителите на меморија почнаа да ги испорачуваат своите залихи на чипови DDR5 до продажните канали, а бидејќи нивните залихи се трупаат и побарувачката останува мала, тоа ќе доведе до дополнително намалување на цените.
Во минатото, мемориските модули DDR5 ги чинеле дистрибутерите 200% повеќе од просечниот DDR4 модул. Во моментов разликата е „само“ околу 100 проценти.
Во текот на 2023 година, се очекува DDR5 меморијата да има соодветна цена.