Asus го најави Zenbook 17 Fold OLED претходно оваа година на CES, а сега уредот го имаше своето официјално деби на саемот IFA.
Zenbook 17 Fold OLED е преклоплив хибриден уред кој може да се користи како лаптоп или таблет, има 17,3-инчен OLED екран со резолуција од 2.560 x 1.920 пиксели и формат 4:3, додека максималната осветленост е 500 нити. Кога е целосно отворен, уредот може да стои на својот држач и да служи како монитор, што е добра комбинација за работа во канцеларија. Достапна е и Bluetooth тастатура.
Zenbook 17 Fold OLED може да се свитка за 120 степени и да се користи во комбинација со Bluetooth тастатура за да се ужива во целиот екран од 17,3 инчи, но можно е да се користи долната половина од екранот како виртуелна тастатура.
Конечно, Zenbook 17 Fold OLED може да се користи и како конвенционален лаптоп благодарение на магнетната физичка тастатура, во тој случај се користи горниот дел од 12,5-инчниот екран со резолуција од 1.920 x 1.280 пиксели.
Оние кои преферираат таблет, решение може да биде и Zenbook 17 Fold OLED, иако со своите 17,3 инчи е доста голем.
Уредот користи оперативен систем Windows 11 и се напојува со процесор Intel i7-1250U во комбинација со 16 GB LPDDR5 RAM. Станува збор за хибридна платформа од 12-та генерација на Интел, а графиката ја обработува графичката единица Iris Xe на Intel. На располагање на корисникот е 1 TB M.2 NVMe PCIe 4.0 SSD меморија, која е најновата и најбрзата на пазарот.
Zenbook 17 Fold OLED е опремен со две USB-C Thunderbolt 4 порти кои ја поддржуваат функцијата за полнење од 65W и поврзување со екранот, а има и 3,5 мм приклучок за слушалки.
Уредот се напојува од 75 Wh 4-клеточна батерија која трае до 9,5 часа и тежи 1,5 кг.
Asus Zenbook 17 Fold OLED ќе пристигне на пазарот во четвртиот квартал по цена од 3.999 евра.
Поврзани артикли