Навивачите на FIFA Mobile кои повеќе би сакале да управуваат со цел тим наместо да ги контролираат играчите, сега имаат шанса да го сторат тоа.
Компанијата EA воведе нов Manager Mode, режим на менаџер достапен во FIFA Mobile за уреди со Android и iOS. Овој мод е фокусиран на стратегија и тактика наместо на акција. Гејмерот го избира почетниот состав, ја одредува тактиката во реално време (за време на напад или контра) и му дозволува на неговиот тим да го игра натпреварот.
Новото ажурирање носи подобрувања на голманите, додава опции за менување играчи и нуди опрема за 30 репрезентации, а веќе е достапна за играчите.
Треба да се каже дека FIFA Mobile не е претворен во симулација како Football Manager, нема скаутирање на талентирани играчи, ниту пак креирање програми за тренинг и „борби“ со раководството на тимот. Ова е повеќе фудбалски еквивалент на игрите како Auto Chess или Teamfight Tactic и е малку порелаксирано искуство кое наградува следење и реакција наместо брзи рефлекси.